Четворица астронаути, од кои тројца Американци и еден Јапонец, ја напуштија Меѓународната вселенска станица со капсулата Crew Dragon на компанијата SpaceX, после повеќе од 160 дена поминати во вселената и безбедно се спуштија во морето во близина на Флорида.
Капсулата Crew Dragon се одвои од Меѓународната вселенска станица според планот, а враќањето на Земјата траеше околу 6,5 часа.Четворицата астронаути слетаа во Мексиканскиот Залив вчера, а баш како што беше и предвидено капсулата падна во морето во близина на градот Панама на Флорида.
Американците Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер, Шенон Вокер и Јапонецот Соичи Ногучи во ноември минатата година беа првите астронаути на оперативна мисија кои ги превезе до вселената компанијата на Илон Маск.
(Zimo)
(фото: Flickr)