Google на 1 јуни воведува нови правила – некои слики, документи или пораки може да ви исчезнат!

- Advertisement -

Без оглед на тоа колку често користите некои од услугите на Google, можеби не е лошо да почнете со „пролетно чистење“. Одвреме-навреме Google воведува нови правила кои се однесуваат на различни услуги. За воведувањето на тие правила корисниците најчесто ги известуваат преку емајл, но исто така најголем дел од луѓето ги игнорираат тие пораки, па се изненадуваат кога нема да можат да отворат нешто.

Последната промена која ја подготвува Google стартува на 1 јуни и може непријатно да изненади некои од корисниците. Имено, некои корисници може да останат без своите пораки, документи или фотографии кои ги склaдираат на сервисите на Google. Како што објаснија од Google, од 1 јуни воведуваат нова политика за чување податоци за корисниците на Gmail, Google Drive и Google Photos.

- Advertisement -

Ако сте неактивни две години на Gmail, Drive или Photos, можеби ќе ги избришеме сите содржини кои сте ги зачувале. Тоа нема да се однесува на членовите на Google One кои се во рамките на својата квота за складирање. Ако, апак, подолго од две години го надминете ограничениот простор за складирање, можеби ќе избришеме нешто од вашите содржини на Gmail, Drive или Photos servise“, се вели во соопштението кое го добија корисниците на имeјл уште во декември минатата година.

Но, иако од Google се надеваат дека тоа ќе ги поттикне корисниците да избришат тоа што не им треба и така малку да ги растоварат капацитетите на Google, нема причина за паника. Како што појаснуваат, дури и ако не сте активни две години, времето почнува да се смета од 1 јуни 2021 година. Тоа значи дека најрано ќе останете без податоци на 1 јуни 2023 година. Освен тоа, од Google ќе ве потсетат дека не сте активни на некој сервис и ќе ве предупредат дека ќе ви бидат избришани некои податоци.

- Advertisement -

За оние кои не се сеќаваат точно што користат Google го подготви Inactive Account Manager, кој може да се намести за корисниците да ги предупреди ако престанат да користат некој сервис, односно ако не се логирале некаде во последните 3 до 18 месеци.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -