23.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Трамп ја потона вредноста на биткоин со своите изјави

Kabtel desktop

Уште додека беше претседател на САД, Доналд Трамп не сокриваше дека не е е љубител на криптовалутите и биткоиниот.Како најголема причина за тоа го наведе фактот дека преку криптовалути плаќаат што прават некои илегални активности,. Трамп вчера на Fox News повторно го критикуваше биткоин.

„Не го сакам затоа што тоа е уште една валута која му конурира на доларот. Саакам доларот да биде светска валута. Биткоинот изгледа како измама“ рече Трамп и ја сруши вредноста на криптовалутата.

Имено, за еден ден вредноста на биткоин бадна за околу 10%, а двоцифрен пад на вредноста доживеаја и други криптовалути како што етер и омилената криптовалута на Илон Маск, доџкоин. Иако пазарот на криптовалути е карактеристичен по својата непостојаност, некои аналитичари се сигурни дека Трамп е причината за падот на вредноста.

Симон Петерс, аналитичар во eToro, смета дека таквата изјава на Трамп само му дава поголем кредибилитет на биткоин затоа што Трамп го гледа како закана за доминацијата на доларот.

(Yahoo News)

(фото: Freepik)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •