-2.2 C
Skopje
четврток, јануари 27, 2022

Научници создадоа уред кој може да ги намириса болестите, дури и корона вирусот

Kabtel desktop

Научници развија уред кој може да го „намириса“ корона вирусот, но и други бројни други болести. КОВИД0-19 има многу карактеристичен мирис. Тоа е големо откритие и многу е возбудливо за развој на различни методи за детекција на болести, вели професорот Стив Сандеј од Универзитетот Дурхам.

Човечкото тело кога е болно има поинаков мирис. Иако тоа можеби тоа луѓето не можат да го почувствуваат, веќе е докажано дека животните како кучињата и мачките можат да го направат тоа. Но, група научници од Велика Британија разви уред кој може да ги „намириса“ луѓето кои се заразени со корона вирус.

Уредот се вика COVID alarm и е резултат на работата на научници од Лондонската школа за хигиена и тропска меидицна и Универзитетот Дурхам, кои открија дека лчуѓето заразени со корона вирус имаат специфичен мирис кој може да се открие со сензори.

Резултатите се одлични и покажуваат потенцијал за користење на оваа технологија за брзо, неинвазивно тестирање со неверојатна прецизност. Но, уште се потребни дополнителни тестирања за да бидат сигурни дека таквите резултати ќе ги добијат и во реални услови, вели раководителот на студијата и професор на Лондонската школа, Џејмс Логан.

Ако уредот се покаже успешен во примената на јавни места, може да најде широка примена. Исто така, може да ги заштити луѓето од идни епидемии затоа што има можност за прилагодување на сензорите за детектирање на различни болести во рок од само неколку недели, додава Логан.

Во студијата која уште нема поминато рецензии се користени примероци од телесни мириси од чорапи кои ги донирале пациенти заболени од КОВИД-19, но кои имале благи или никакви симптоми и доброволци кои не биле заразени.

Сензорите во текот на тестирањето покажале исклучителна прецизност – дури до 100%. Тоа значи дека со нивната примена би се избегнало добивањето лажни позитивни или негативни резултати на тестовите. Компанијата која го произведе уредот, RoboSceintific, вели дека може да се направат две верзии од овој уред – верзија за рачна употреба и верзија која би можела да го анализира воздухот во просторија и во рок од половина час да детектира евентуално заразени луѓе.

(Durham University)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!