37.8 C
Skopje
вторник, јули 27, 2021

JAXA и Honda развиваат енергетски систем за идните колонии во вселената

Kabtel desktop

Јапонската вселенска агенција JAXA и компанијата Honda соопштија дека ќе тестираат нов циркулациски систем за обновлива енергија, кој би можел да создава кислород, водород и струја за идни колонии во вселената. Целта на проектот е да се зголемат можностите за истражување на длабоката вселена за намалување на завинсоста од резерви кои се праќаат од Земјата. За да се постигне тоа тимот развива систем кој комбинира систем за електролиза на вода со висок диференцијален притисок и систем на ќелии.

Системот за електролиза на водата со висок диференцијален притисок би ја електризирал водата со користење соларна енергија за да се произведува кислород и водород, додека системот на ќелии би создавал вода и струја со помош на кислород и водород.

Кислородот, водородот и електричната енергија се клучни за човечктие активности во вселената. Остварувањето на циркулацискиот систем за обновлива енергија ќе ни овозможи да ги задоволиме сите потреби во вселената без да зависиме од Земјата. Очекуваме дека тоа драматично ќе ги прошири нашите активности во вселената“ изјави потпретседателот на JAXA, Сасаки Хироши.

Кислородот и електричната енергија ќе бидат клучни за идните мисии затоа што ќе служи за напојување на станици и возила. Освен за дишење, кислородот ќе биде потребен и за ракетно гориво. Целта е новиот систем да се тестира на станицата Lunar Gateway на НАСА, која ќе биде во орбитата на Месечината, а тестирања ќе се прават и на самата Месечина.

(N1)

(фото: )

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •