Над 70.000 луѓе потпишаа петиција која го забранува враќањето на најбогатиот човек во светот од неговото вселенско патување

- Advertisement -

Основачот на Amazon, Џеф Безос, неодамна најави дека заедно со својот брат Марк и двајца други патници ќе заминат на патување во вселената со суборбиталната ракета New Shepard. Она што никој не го очекуваше е дека луѓето ќе реагираат со петиција која го забранува неговото враќање на Земјата.

На средината на јули најбогатиот човек во светот ќе оди на работ на вселената на лет кој ќе трае 11 минути со ракетата која ја произведе неговата компанија Blue Origin. Но после неговата најава дека ќе оди во вселената Безос не очекуваше илјадници луѓе да ја потпишат петицијата. Петицијата носи име „Не дозволувајте Џеф Безос да се врати на Земјата“, а целта е да се соберат 75.000 потписи. Досега се собрани над 72.000 потписи, што значи дека до 75.000 ќе стигнат за многу кратко.

- Advertisement -

Во петицијата се наведува дека милијардерите не би требало да постојат ни на Земјата, ни во вселената, но ако се одлучат за вселената, тогаш таму треба и да останат. Под петицијата потписниците имаат оставено и многу коментари кои се негативни и за Безос и за Amazon.

Кога станува збор за реакциите на социјалните мрежи, тие се поделени и варираат од поддршка до индиферентност на петицијата. Џеф Безос, секако, не е единствениот милијардер кој сака да полета во вселената. Како него се и Илон Маск и Ричард Бренсон.

- Advertisement -

(Sputnik)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -