37.8 C
Skopje
вторник, јули 27, 2021

Промовирана Vendor – првата автоматизирана платформа за е-трговија

Kabtel desktop

На 23-ти јуни, во 19.00 часот, во конференциската сала на Музејот на македонската борба во Скопје, се одржa официјално претставување на Vendor – лајв евент за промоција и најава на првата автоматизирана платформа за е-трговија. Направена за да ги подготви бизнисите за предизвиците на успешната е-трговија.

Vendor ви овозможува да креирате врвна електронска продавница со само неколку клика, да поврзете виртуелен ПОС терминал, да интегрирате систем за следење на пратки и многу друго.

Голем број на компании веќе нема да мораат да живеат со секојдневните главоболки што им ги задаваат електронските продавници, како лошите дизајни, континуирано доплаќање за секоја мала услуга, потребата од ангажирање на програмери и дизајнери, поставување payment методи несоодветни за Балканот, испораката на производи… и уште многу други.

Платформата им овозможува на компаниите да интегрираат систем за водење на залихи, магацини, продавници, да прават напредни извештаи, фактури, испратници, препратници и се што им е потребно во овој дел. Еден систем кој ги заменува сите други.
Програмерите од Vendor повеќе од година дена работат на решавање на сите проблеми со кои се соочуваат сопствениците на бизниси кои решиле да продаваат онлајн и да станат дел од е-commerce заедницата.

Настанот го модерираше Гораст Цветковски, кој низ шега успеа да ги извлече најголемите проблеми за кои говореа панелистите на настанот.

Виктор С. од АЕТМ говореше за нелојалната конкуренција и сивата економија, Верица С. Од Уни Банка ги истакна проблемите на недоверба кај луѓето при користење на онлајн методите за плаќање како и цената на користење на овие услуги, и Џино Ш. Од Фалкон Лоџистик говореше за проблемите со кои секојдневно се соочуваат куририте со наплата и достава на пратки.

Во главниот дел браќата Бобан и Дејан Милосавлески ја презентираа новата платформа Vendor и најавија дека целосно ќе ја редефинираат електронската трговија во Македонија.
Втората панел дискусија ја водеа дел од техничките лица кои стојат позади платформата и се дискутираше за користење на најнови технологии како React.js и предностите што ги нудат истите.

Настанот заврши со овации и краток коктел, а секако и најважното- 01 Септември, односно датумот кога ќе можеме сите да ја користиме новата платформа.

Извор – Вечер

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •