Xiaomi изби на второ место во светот по продажбата на телефони

- Advertisement -

Според извештајот кој го подготви Omdia, глобалниот пазар на паметни телефни бележи годишен раст од 17,4%, што значи дека во првата половина од годинава во светот се продадени 651,8 милиони единици, за разлика од истиот период минатата година кога беа продадени 555,4 милиони единици.

На врвот по продажбата на смартфони и понатаму се наоѓа Samsung, кој забележа раст од 5,6%, а најголемата промена доаѓа на второ место, кое сега му припаѓа на Xiaomi и неговиот фантастичен раст на продажбата од 72,9%, со што го престигна Apple, кој имаше раст од само 7,5%.

- Advertisement -

Додека Xiаomi е најголем добитник, најголемиот губитник годинава е Huawei, кој забележа загуба од речиси 74,6% и со тоа го изгуби статусот на еден од водечките играчи на пазарот за смартфони. Причината за тоа е јасна – забраната на САД и немањето на сервисите и апликациите на Google на своите телефони.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -