Враќањето во канцеларија е потешко отколку што се очекуваше – на луѓето им пречи бучавата и не сакаат да делат бироа со колеги

- Advertisement -

За дел од работниците после месеци или години работа од дома, повторното враќање во канцеларија и не е пријатно искуство. Додека за многумина вработени на почетокот на пандеијата работењето од дома беше вистински шок, особено затоа што со нив беа и нивните деца бидејќи училиштата и градинките беа затворени, со тек на време се навикнаа и ги увидоа бројните предности и поволности кои доаѓаат со работата од дома.

Во зависност од брановите на пандемијата сега дел од работниците се вратија во канцеларија и делумно работат класично, а делумно од дома. Но, како што покажа истражувањето во кои учествуваа над 2.000 вработени од Велика Британија, а го спроведе Институтот за менаџирање со работни места, за голем дел од вработените враќањето во канцеларија е голем проблем.

- Advertisement -

Имено, изгледа дека луѓето се навикнале на свое темпо и свои услови на работа, односно да седат сами на своето биро дома и да немаат бучава во позадина. Истражувањето покажа дека повеќе не можат да се вратат на бучавата во канцеларија, а интересно е дека 1/3 од испитаниците повеќе не сакале да го делат своето биро со колегите.

За голем дел од нив тоа било разочарувачко и фрустрирачко искуство. Работодавците мора да инвестираат за нивните бироа да ја одразуваат новата реалност или да ризикуваат сериозен пад на продуктивноста, велат истражувачите. Нагласуваат дека моделите на работа и на работните места се менуваат, па затоа компаниите и работодавците мора да се прилагодат – и со работните простории и со работната култура и со технологијата.

- Advertisement -

Што се однесува на продуктивноста, половина од нив сметаат дека би биле продуктивни да продолжат да работат од дома, а тоа особено се однесува на помладите вработени. За дел од нив токму таквите поволности како можноста за работа од дома ќе бидат меѓу најбитните фактори при одлучувањето каде ќе работат, а понекогаш се побитни и од висината на платата.

(ITV)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -