Кина гради вселенски брод долг со километри

- Advertisement -

Вселенските мисии со екипаж се колосални инженерски проекти. Токму затоа истражувачи од Кина ја анализираат можноста за составување на вселенски бродови во орбитата. Проектот е дел од националните амбиции за проширување на истражувањето на вселената, а тоа вклучува мисии со екипаж кои ќе работат на долги рокови.

Предлогот од Националната фондација на Кина за природни науки повикува на анализа на механиката на конструирање ултраголеми вселенски бродови долги со километри. Со други зборови, Кина само што му соопшти на светот дека е заинтересирана да гради вселенски бродови кои се долги со километри.

- Advertisement -

Извештајот посочува дека овој проект е дел од поголем стратешки вселенски проект, кој ќе осигура искористување на ресурсите кои може да се најдат во вселената, истражување на мистериите на универзумот и подолгорочни престои во вселената. На реализацијата на проектот работи агенција под надзор на Министерството за наука и технологија.

Ако ви изгледа дека овој масивен проект не е доволно импресивен, тој е само еден од вкупно 10 кои беа предложени овој месец од страна на одделите за математички и физички науки. Планот е да се финансираат 5 проекти со вкупен буџет од 2,3 милиони долари.

- Advertisement -

(Interesting Enigneering)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -