-2.2 C
Skopje
четврток, јануари 27, 2022

Google, Facebook и Microsoft трошат најмногу за лобирање за политиките на ЕУ за дигитална економија

Kabtel desktop


Компаниите Google, Facebook и Microsoft најмногу трошат за лобирање во борбата против новите закони на ЕУ, чија цел е да ја ограничат моќта на американските технолошки гиганти, покажуваат резултатите од најновата студија.

„Ваквите напори треба да бидат предупредување и повик до креаторите на политиките на ЕУ за понатамошно подобрување на нацрт -законите и правилата за лобирање“, се предупредува во студијата на групата Корпоративна опсерваторија на Европа (Corporate Europe Observatory) и Лоби Контрол (LobbyControl).

Откако извештајот на овие групи откри дека претставниците на технолошките компании биле „премногу застапени“ во разговорите за предлозите на клучните дигитални правила, Европската комисија соопшти дека тие не ги следат средбите на лобистите со претставници на ЕУ.

„Комисијата е отворена за состаноци со секој што сака да разговара со нас. Комисијата не контролира и нема да контролира кој бара состаноци, ниту колку често. Исто така, не е до Комисијата да објасни или коментира стратегии за лобирање на различни компании и претставници на интереси“, изјави портпаролот на ЕК за Еуроактив.

Според студијата, претставници на Комисијата се среќавале со претставници на технолошки компании речиси четири пати почесто отколку со претставници на граѓанското општество, работејќи на предлози за Законот за дигитални услуги (ДСА) и Законот за дигитален пазар (ДМА).

За ЕУ, предлозите на ДСА и ДМА се клучни за регулирање на дигиталната економија.

Како што пренесува Еуроактив, Комисијата соопшти дека имала 132 средби со приватни компании и 70 со трговски здруженија во врска со дигиталниот пакет. Претставници на Комисијата одржаа 52 состаноци со невладиниот сектор, организациите на потрошувачите и синдикатите.

„Потрошувачката на технолошкиот сектор за лобирање ги надминува трошоците на фармацевтските компании, индустријата за фосилни горива, финансиските и хемиските сектори кои некогаш доминираа во лобирањето“, се наведува во извештајот.

Истражувањето покажа дека 612 компании, групи и здруженија трошат повеќе од 97 милиони евра годишно лобирајќи за политиките на ЕУ за дигитална економија. Ова се податоците што компаниите ги доставија до Регистарот за транспарентност на ЕУ до средината на јуни.

Според студијата, предводи Гугл со 5,75 милиони евра, потоа Фејсбук со 5,5 милиони, Мајкрософт со 5,25 милиони, Епл со 3,5 милиони, Хуавеј со три милиони и Амазон со 2,75 милиони евра.

(МИА)

(фото: Piqsels)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!