10.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

ВИДЕО: Ранец за велосипедисти за неколку секунди се претвора во заштитно перниче

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Она што важи за возачите на моторцикли важи и за велосипедистите – дека најбитно е да носат кацига. Но, додека кацигата може да ја заштити главата од потешки повреди, во случај на судир остатокот од телото ќе биде незаштитено. Тоа ќе се обиде да го смени компанијата EVOC Sports, која најави дека ќе прави ранец исклучиво за велосипедисти.

На прв поглед Commute Air 18 не се разликува од класичните ранци, но цената од 900 евра кажува дека тој има некои опции кои ги немаат обичните ранци. Ранецот Commute Air Pro 18 ќе се појави на пазарот идната година. Тие што постојано возат велосипед, а можат да издвојат 900 евра, можат да го погледнат видеото од ранецот и да размислат како да го заштитат целото тело во текот на возењето.

Во ранецот е поставено воздушно перниче, кое е добро скриено и не зазема многу простор. За да се активира во случај на незгода велосипедистот мора да го затвори посебниот магнетен појас кој се става околу градите, со што се активираат сензорите на движење кои ја следат позицијата на телото и на ранецот. Во случај на некое екстремно движење како судир или пад од ранецот се активира воздушното перниче и се замотува околу горниот дел од телото. За да се отвори потребни се помалку од 0,2 секунди, па додека да падне велосипедистот перничето веќе е отворено.

Ако при падот не се оштети, перничето може да се спакува и повторно да се користи. Улогата му е да ја заштити клучната коска, рамената, градниот кош, вратот итн. Од EVOC Sports велат дека според нивните истражувања, воздушното перниче ја намалува ударната сила на велосипедистите до 80%. Почетокот на продажбата на ранецот се очекува напролет 2022 година.

(Zimo)

(фото: Evoc Sports)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!