12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Сеавус Акцелераторот отвора повик за стартапи- можност за награда од 15.000 евра и инвестиција од најмалку 30.000 евра!

Kabtel desktop

По успешно завршени четири програми, Сеавус Акцелераторот го отвора петтиот повик за акцелераторската програма!

Сеавус Акцелераторот во партнерство со едни од најдобрите европски акцелератори- Startup Wise Guys и водечкиот инкубатор и акцелератор Spring Activator со седиште во Канада, им носат на стартапите од Северна Македонија уникатна програма дизајнирана да ги зајакне внатрешните капацитети на претприемачите во рана фаза и да им помогне да ги скалираат своите бизниси на глобалниот пазар.

Поддржана од Академијата за претприемништво на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (EFSE) и ЕУ, програмата Tech Boost се состои од две фази, пред-акцелераторска и акцелераторска фаза. Стартапите кои што ќе влезат во пред-акцелераторската програма и ќе продолжат во акцелераторската програма, имаат можност да освојат награда од 15.000 евра. Дополнително овие стартапи ќе имаат можност да се претстават пред странски и домашни инвеститори и да обезбедат инвестиција од најмалку 30.000 евра.

Што добиваат македонските стартапи со влегување во една ваква акцелераторска програма?

  • Награда за најдобриот регионален стартап до 15.000 евра
  • Можност за инвестиција од Сеавус Акцелераторот од најмалку 30.000 евра
  • Пристап до онлајн платформата на Startup Wise Guys
  • Учество во серија работилници на најразлични теми за скалирање на својот бизнис
  •  Интензивна индивидуална менторска поддршка од локални и меѓународни ментори
  • Индивидуални сесии со тимот на Сеавус Акцелераторот, Startup Wise Guys и Spring activators
  • Групни сесии со стартапи од Македонија и регионот со фокус на размена на знаења и искуство
  • Учество на интернационална конференција
  • Демо ден на кој стартапите ќе се претстават пред домашни и интернационални инвеститори
  • Можност за влез во  програмите на SWG и Spring

И секако, како и секоја година, поддржувачи на оваа програма се SwissEP кои даваат дополнителна вредност на програмата со вклучување на нивните ментори програмата.

Апликациите се отворени до 17ти Октомври : https://seavusaccelerator.com/apply-now/

Повеќе информации на официјалната страна на Tech Boost https://tech-boost.org/

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •