12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Посебни лепенки го чуваат овошјето свежо дури 2 недели повеќе од нормално

Kabtel desktop

Овие лепенки го одржуваат овошјето свежо дури 2 недели подолго отколку што би било свежо во нормални услови. Тие создаваат еден заштитен слој околу овошјето, кој го забавува процесот на гниење.

Лепенките се обложени со антимикробна супстанција на база на растенија, исто како хемикалиите кои природно се наоѓаат во овошјето и го заштитуваат овошјето од габични инфекции.

Лепенките не се токсични и најдобро функционираат на јаболко, авокадо, цитрусни овошја и манго. Лепенките ги прави компанијата StixFresh, која во иднина сака да направи такви лепенки за бобинки и за зеленчук.

Целта на компанијата е да им помогне на луѓето да заштедат пари и да помогнат да се реши еден од најголемите глобални проблеми – отпадот од храна.

Во САД, на пример, се фрлаат речиси 50% од овошјето и зеленчукот. Најголем дел од овошјето и зеленчукот се оставаат да скапат на нива или со нив се храни добитокот.

(World Economic Forum)

(фото: Stix Fresh)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •