12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Coca-Cola до 2040 година ќе има нула емисија на CO2

Kabtel desktop

Компанијата Coca-Cola HBC соопшти дека емисијата на стакленички гасови ќе ја сведе на нула во целиот свој синџир до 2040 година. Преку постојните цели компанијата до 2030 година ќе ја намали својата емисија на стакленички гасови за 25%, а во наредната деценија за уште 50%. За да влијае на емисијата од трети страни, компанијата ќе продолжи да соработува со доставувачите на остварувањето на своите „зелени“ цели. Доколку не е возможно целосно да се елиминира емисијата, компанијата ќе обезбеди инвестиции во други мерки за превенција на климатските промени.

За да ја оствари исклучително амбициозна цел, Coca-Cola HBC се обврза да инвестира 250 милиони евра во иницијативи посветени на намалување на емисијата на гасови до 2025 година. Понатаму, ќе премине на 100% обновлива енергија во сите свои процеси и ќе ја зајакнува циркуларната економија со користење на rPET амбалажа, односно рециклирана PET амбалажа, како и со користење помали амбалажи, опција за повратна амбалажа и намалување на пластиката во секундарните амбалажи.

Coca-Cola ќе обезбеди и енергетски ефикасни и еколошки прифатливи фрижидери за купувачите, ќе ја намали емисијата на гасови од суровините и ќе ја воведе програмата „Зелен возен парк“ со цел преминување на возила со ниска стапка на емисија на CO2.

Coca-Cola HBC е една од првите компании кои поставија научно засновани цели на полето одржливост и континуирано работат на нивното остварување. Во последните 10 години компанијата ја преполови директната емисија на стакленички гасови, а планот за намалување на јаглерод-диоксидот до 2030 година веќе е усвоен и одобрен и се заснова на иднина во која глобалното затоплување нема да надмине 1,5 °C.

Повеќе за целите на Coca-Cola можете да дознаете од видеото во прилог.

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •