-1.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Hyundai ќе прави свои микрочипови за да биде независен во иднина

Kabtel desktop

Модерното производство се базира на меѓузависност, што и тоа како ја почувствуваа производителите на автомобили, принудени да ги ограничат своите активности поради недостаток на полупроводници.

Кризата со полупроводници сериозно го потресе глобалниот пазар на автомобили. Повеќето производители претрпеа значителни загуби, но има неколку исклучоци, како што се Teslа, Toyotа и Hyundai, кои што успеаја да ја одржат, па дури и да ја зголемат продажбата.

Фактот дека Корејците ја поминаа кризата без поголеми проблеми, сепак не значи дека тие имаат намера да заспијат. Плановите се споделени во интервју за Reuters од главниот оперативен директор на компанијата, Хозе Муњоз, кој признава дека ситуацијата во Hyundai полека се стабилизира и дека е време да се размисли за решенија што ќе спречат слични проблеми.

Муњоз признава дека компанијата морала да го прекине производството во некои фабрики, а август и септември се најлоши. Hyundai, сепак, успеа да остане во живот додека продолжуваат да извршуваат нарачки, а продавачите како Intel брзо реагираа со зголемување на производството.

Сепак, постојат планови производителот da stane независен од надворешни субјекти. „Веројатно ќе треба многу време и многу работа, но ние се одлучуваме за оваа опција“, вели Муњоз, цитиран од Reuters.

Hyundai Mobis, внатрешната подружница на групацијата специјализирана за производство на резервни делови, ќе игра клучна улога во овој процес. Засега не е прецизирано кога и во кој степен Hyundai ќе започне со производство на сопствени микрочипови. Судејќи според она што го кажува Муњоз, треба да се претпостави дека тоа ќе се случи што е можно поскоро.

Извор – Додај Гас

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!