-1.2 C
Skopje
четврток, декември 2, 2021

На повидок е најголемата аквизиција на пазарот за социјални мрежи „тешка“ 45 милијарди долари

Kabtel desktop

Изминатите години PayPal потроши повеќе милијарди долари на аквизиции на компании како Honey Science, Paidy и Happy Returns за да ја подобри својата позиција на пазарот за е-трговија. Сега се спремни за уште еден голем чекор на тој пазар кој би можел да вреди дури 45 милијарди долари.

Така, како што објавија вчера медиумите, PayPal понудил 45 милијарди долари за купување на популарната социјална мрежа Pinterest. Не е познато како е ставот на Pinterest за оваа понуда, така што можни се сите исходи – прифаќање на понудата, одбивање или барање повеќе пари.

Социјалните мрежи имаат големо влијание на онлајн шопингот и бројни купувачи на разни платформи испитуваат што да купат, а големо влијание имаат и инфлуенсерите. Сега и PayPal се надеваат дека со оваа аквизиција ќе ја подобрат својата позиција на пазарот за е-трговија, но и да добијат нов извор на приходи преку огласување на социјалните мрежи.

PayPal сака аквизицијата да биде довршена до 8 ноември, пред кварталниот извештај, а понудиле 70 долари по акција, што е 26% повеќе во однос на заклучната цена на берзата во вторникот, која изнесуваше 55,58 долари. После објвата на таа информација, акциите на Pinterest поскапеа за речиси 13%, а акциите на PayPala паднаа за 5%.

(Reuters)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!