Во Британија овошје и зеленчук само на слика. Нема доволно добавувачи

- Advertisement -

Британските супермаркети користат картонски исечоци од овошје, зеленчук и други намирници за да ги пополнат празнините на полиците, бидејќи имаат сериозни проблемите со снабдувањето.

Синџирот на супермаркети Teско почна да користи слики од аспарагус, моркови, портокали и грозје на рафтовите за свежи производи, што предизвика потсмев на социјалните мрежи. Купувачите забележале лажни моркови во Факенхам, картонски аспарагус во Лондон, слики од портокали и грозје во Милтон Кејнс и 2Д шишиња течност за перење во Кембриџ. Сето ова се случува поради недостигот од работници што доведува до слаба достапност на некои артикли во супермаркетите.

- Advertisement -

Освен недостигот на возачи на товарни возила, Британија се соочува и со се помал број на собирачи и пакувачи, како и погони за преработка на храна, што доведува до мала достапност на некои артикли во супермаркетите. Проблемите во пристаништата, каде што управителите се борат да се справат со порастот на испораките за празничната сезона, исто така доведуваат до недостаток.

Традиционалните супермаркети, кои можат да чуваат повеќе од 40.000 производни линии, ја усовршуваат својата палета на намирници за да ја подобрат ефикасноста за да можат да ги намалат цените и поефикасно да се натпреваруваат со дисконтите како Aldi и Lidl, кои продаваат помалку од 3.000 различни производи.

- Advertisement -

Овај глобален проблем е резултат на пандемијата, што доведе до недостаток на персонал и тешкотии во испораката на стоки. Супермаркетите и производителите го намалија опсегот на различни видови тестенини, кафе или чаеви што ги продаваат за да го олеснат протокот на стоката.

Сподели!
- Advertisement -