-1.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Научници успеаја да претворат јаглерод диоксид во јаглен

Kabtel desktop


Научниците со години се креативни во заловувањето и чувањето на јаглерод диоксидот и успеваат да го претворат CO2 во јаглерод моноксид за индустриска употреба, како и оксална киселина за процесирање на ретки земјини елементи.

Сега по прв пат научници успеаја да го претворат CO2 во тврд јаглен. Тимот предводен од научници од универзитет од Мелбурн, Австралија развија техника за претворање на CO2 во честички на јаглен, со што се намалува загадувањето бидејќи се отстрануваат стакленичките гасови од нашата околина.

Решението нуди поисплатлив пристап отколку сегашните системите за ловење и складирање на јаглерод идоксидот кои го компресираат CO2 и го носат под земја. Тие решенија имаат многу технички и безбедносни проблеми, а исто така се и многу скапи.

„Не можеме да го вратиме времето назад, но претворањето на јаглерод диоксидот во јаглен и неговото враќање во земјата е како враќање назад на часовникот на емисијата на гасови“ вели Торбен Даенеке, еден од истражувачите.

Досега CO2 успешно беше претворен во тврда супстанција само на екстремно високи температури и тоа е индустриски неисплатливо. Новата техника е електрохемиска. Се состои од специјално дизајниран течен метален катализатор кој полека гасовитиот CO2 го претвора во цврсти честички на јагледн.

„Со користење течни метали како катализатори покажавме дека е возможно да се претвори гас во тврда супстанција на собна температура. Треба да се прават уште истражувања, но ова е најбитниот прв чекор до производство на јаглен“ додава Даенеке.

Така произведениот јаглен може да чува електричен напон, што значи дека е супер кондензатор и може потенцијално да се користи во возилата од иднината.

Целата студија е објавена во научниот весник Nature Communications.

(Interesting Engineering)

(фото: Pixabay)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!