-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Pfizer: Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 денa

Kabtel desktop

 

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата О микрон.

Новиот вид – познат како B.1.1.529 – има некои „загрижувачки“ мутации, а раните докази сугерираат дека носи зголемен ризик од реинфекција.

Исто така, постојат стравувања дека варијантата би можела да биде поотпорна на вакцините што сега се пуштени во употреба на милијарди луѓе ширум светот.

Доколку е така, Pfizer и Biontech „очекуваат дека ќе можат да развијат и произведат прилагодена вакцина против таа варијанта за приближно 100 дена“.

Modernaа соопшти дека има развиено стратегија за нови варијанти од почетокот на 2021 година – вклучувајќи три нивоа на одговор доколку опадне имунитетот што го нудат нејзините вакцини.

Novavax додаде дека веќе започнал да создава вакцина за Ковид-19 врз основа на познатата генетска секвенца на B.1.1.529.

„Вакцината ќе биде подготвена за тестирање и производство во следните неколку недели“, велат од Novavax.

Советодавниот панел на Светската здравствена организација (СЗО) го класифицираше новиот вид на Ковид-19, откриен во Јужна Африка, како „загрижувачки“ и високо пренослив вирус и го нарече О микрон. Тоа е првпат за неколку месеци СЗО да класифицира нов вид на вирус како таков. Во истата категорија е и делта сојот што стана најзастапен во светот.

„Сојот B.1.1.529 првпат беше пријавен до Светската здравствена организација од Јужна Африка на 24 ноември 2021 година. Тој сој има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки“, изјавија група експерти задолжени од СЗО да следат развојот на К-19. Според Панелот раните податоци покажуваат дека овој вид има зголемен ризик од реинфекција.

(Denar.mk)


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!