Британија помага со милијарда фунти компании најтешко погодени од Омикрон

- Advertisement -

Велика Британија најави дополнителна помош од милијарда британски фунти (1,3 милијарди долари) за компаниите што се најпогодени од бранот на сојот Омикрон, што го погоди хотелскиот и ресторанскиот сектор и други бизниси. Министерот за финансии Риши Сунак изрази уверување дека мерките ќе им помогнат на стотици илјади компании. Тој рече дека ќе одговори пропорционално и соодветно доколку владата одлучи да воведе нови ограничувања за да го забави ширењето на Омикрон. Ваквиот потег, според Сунак, дополнително ќе влијае врз економијата.

Според шемата за помош, хотелските и рекреативните компании ќе можат да добијат грантови од повеќе од 6.000 фунти за секоја локација, во вкупна вредност од речиси 700 милиони фунти според новиот пакет.

Средствата за поддршка на културните организации ќе се зголемат за 30 милиони фунти, 100 милиони фунти ќе бидат обезбедени за локалните власти на Велика Британија за мерки за поддршка на бизнисот и 150 милиони фунти за владите на Шкотска, Велс и Северна Ирска.

- Advertisement -

Британија позајми повеќе од 300 милијарди фунти во последната фискална година за да помогне да се компензира ударот врз економијата на коронавирусот и владините локадауни.

Сподели!
- Advertisement -