Tesla во 2021 година продал повеќе автомобили одошто произвел!

- Advertisement -

Во рекордната за компанијата 2021 година, Tesla Motors  продаде повеќе автомобили отколку што произведе, покажуваат податоците на најпознатиот и најголем производител на електрични автомобили, а објавени во првите денови од новата 2022 година…

Во 2021 година, Tesla продаде 936.172 електрични возила, што е речиси двојно повеќе од претходниот рекорд од 2020 година од 499.647 единици.

Во последниот квартал од минатата година на клиентите им биле испорачани 308.600 електрични возила, што е речиси третина од вкупниот број лани.

- Advertisement -

Како резултат на тоа, компанијата успеа да продаде повеќе автомобили отколку што произведе за една година (930.422 единици).

Компанијата Теslа е основана од американскиот претприемач Илон Маск (Elon Musk) во 2003 година. Седиштето на овој производител е во американскиот град Пало Алто во Калифорнија.

- Advertisement -

На почетокот компанијата се специјализираше исклучиво за производство на електрични возила, а подоцна дејноста се прошири и на производство на соларни панели.

Извор – Авто Клуб

Сподели!
- Advertisement -