Милијардерот Ричард Бренсон повторно продава билети за патување во вселената

- Advertisement -

Компанијата Virgin Galactic на милијардерот Ричард Бренсон вчера објави дека повторно пушта во продажба билети за комерцијални вселенски летови.

Билетите во јавноста ќе бидат достапни од денес по цена од 450.000 долари, што вклучува и депозит од 150.000 долари.

- Advertisement -

“Планираме да обезбедиме летови за нашите први 1.000 клиенти штом ќе почнеме со давање на услугата за некој месец” објавија од Virgin Galactic.

После оваа вест акциите на компанијата пораснаа за над 10%.. Откако компанијата во октомври минатата година објави дека ги одложува комерцијалните вселенски летови за почетокот на оваа година, вредноста на нивните акции падна за 66%.

- Advertisement -

Меѓу компаниите кои се обидуваат да го развијат вселенскиот туризам се и SpaceX на Илон Маск и Blue Origin на Џеф Безос.

(Zimo)

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -