- Advertisement -
Во Русија е забранет пристапот до социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.
Во соопштението на руската Федерална агенција за информатичка технологија и надзор на масовните медиуми се вели дека Фејсбук ги дискриминирал руските медиуми.
- Advertisement -
Се вели дека Фејсбук ги цензурира руските медиуми како РИА Новости, Русија денес и Спутник.
„Одлучено е да се блокира пристапот до Фејсбук на територијата на Русија“, нагласи Федералната агенција за информатичка технологија и надзор на масовните медиуми на Русија.
- Advertisement -
Покрај Фејсбук, забранет е и Твитер, објави руската новинска агенција Интерфакс.
- Advertisement -