Здружението ИНО ТЕХ Клуб – Штип, Универзитетот „Гоце Делчев“ и Фондацијата за развој на локалната заедница Штип организираат настан посветен на реупотребата на текстилниот отпад кој ќе се одржи на 23.03.2022 (среда) од 18.00 часот во Центар за млади (Центар за култура „Ацо Шопов“ Штип) во Штип.
Во рамките на настанот ќе имате можност да проследите дебата за бизнис модели за употреба на текстилниот отпад, видео содржини од успешни приказни и моден перформанс.
Целта на настанот е да се претстават модели како тектилниот отпад да се употреби како ресурс и да се даде додадена вредност на производот преку вклучување на ранливи категории на граѓани и заштита на животната средина.
астанот е дел од проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Штип“ имплементиран од здружение Ино Тех Клуб Штип, Фондација за развој на локалната заедница Штип и Универзитет Гоце Делчев Штип, а финансиски поддржан од ГЕФ ПМГ и проектот „ 3 – Р (редуцирај, рециклирај, реупотреби)“ – Бизнис модели за употреба на текстилниот отпад“, имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип а финансиски поддржан од Фондација Отворено општество Македонија.