Илон Маск поседува 9,2% од Twitter

- Advertisement -

Акциите на Twitter пораснаа денес откако милијардерот Илон Маск откри дека има пасивен удел во компанијата и покрај своите критики за нивните правила за објавување содржини на платформата. Документите поднесени до американската Комисија за хартии од вредност покажуваат дека Маск сега поседува 9,2% удел во Twitter, и тоа од 14 март.

Аналитичарот Ден Ајвс од Wedbush вели дека ова може да биде вовед во целосно нова понуда за преземање на групацијата со седиште во Сан Франциско, чија пазарна вредност е окол 32 милијарди долари.

- Advertisement -

Кон крајот на март Маск изјави ека сериозно размислува за стартување ан сопствена компанија за социјални мрежи и го обвини Twitter дека не ги почитува начелата за слобода на говор и во основа ја поткопува демократијата со оглед на тоа дека страницата служи како де факто јавен градски плоштад.

Од Twitter претходно годинава истакнаа дека монетизацијата од прегледувањето огласи на нивната платформа според активните дневни корисници изнесува 217 милиони долари за последните три месеци од 2021 година.

- Advertisement -

(The Bellingham Herald)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -