32.8 C
Skopje
понеделник, јули 4, 2022

Претставен соларен автомобил кој ќе го реши проблемот со полнење на батериите

Kabtel desktop

Компанијата Lightyear веќе со години развива соларен автомобил, односно електрично возило кое на себе има соларни панели со кои може да ги полни батериите. После шест години развој на прототипот Lightyear One, минатата недела беше претставен неговиот конечен дизајн со ново име – Lightyear 0.

Производството на автомобилот треба да започне оваа есен, а првите испораки се очекуваат во но9ември годинава. Планирано е производство на 946 примероци од автомобилот, а сите на кои им се допаѓа автомобилот добро ќе размислат дали да го купат затоа што за таа цена може да купат некој добар спортски автомобил. Имено, почетната цена на автомобилот Lightyear 0 е дури 250.000 евра.

Карактеристиките кои ги објавија на страницата на овој холандски стартап се прилично интересни затоа што досегот со само едно полнење на батериите е 625 км со максимална брзина од 160 км/ч, додека од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за 10 секунди.

Она по што е посебен автомобилот се соларните панели и како што велат од Lightyear, благодарение на соларното полнење, автомобилот помеѓу две полнења ќе може да помине над 1.000 км. Се разбира, такво нешто е возможно во послебни услови и податоците се однесуваат на летноцо возење во Амстердам од 50 км дневно. Во текот на една година благодарение на соларните панели досегот ќе може да се зголеми на дури 11.000 км.

Electrek пишува дека компанијата работи и на нов, ценовно поприфатлив автомобил по цена од околу 30.000 евра. Таквиот модел на пазарот можеме да го очекуваме на крајот ан 2024 или на почетокот на 2025 година. Но, за него моментално нема многу информации, освен тоа дека се развива под името Lightyear 2.

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!