19.8 C
Skopje
петок, август 12, 2022

Наскоро на Google Maps стигнуваат информации за сообраќајот

Kabtel desktop

Апликацијата на Google, Maps, наменета а уреди со оперативен систем Android, наскоро ќе добие една корисна новина. Станува збор за нов виџет, Nearby Traffic, кој корисниците на Android ќе го добијат во текот на наредните неколку седмици. Овој виџет ќе им дава информации за состојбата во сообраќајот во нивната блиска околина, а ќе се прикажува на Home екранот.

Корисниците ќе можат да го проверат сообраќајот околу својата локација со едноставен допир на виџетот и тоа без да ја отвораат апликацијата Google Maps. Ќе може и да се зумира благодарение на специјално копче.

Google покажа како ќе изгледа виџетот со големина 2×2. Виџетот ќе прикажува мапа со јасно истакната моментална локација во вид на сина точка во центарот а виџетот. Засега не е познато дали виџетот може да се зголеми или не.

Google претходно најави дека Google Maps ќе може да ја пресмета цената на патарините на едно патување. Оваа функција беше најавена во април, а сега ја добиваат првите корисници во Индија, Индонезија, Јапонија и во САД, а наскоро се очекува и во другите земји. Со неа корисниците ќе можат да ја пресметаат патарината пред да патуваат, а ќе можат и доколку е возможно, да избираат и рута без патарини.

(Klix.ba)

(фото: Freepik)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!