32.8 C
Skopje
понеделник, јули 4, 2022

Иновативниот тим на EmbedSocial лансира нова алатка наменета за мали бизниси и креатори!

Kabtel desktop

Тимот на EmbedSocial лансира нова алатка наменета за мали бизниси и креатори, која  ќе помогне полесно да креираат уникатно веб присуство со свој .link домеин.

Feedlink е одговор на потребата од брзо и лесно креирање на личен веб сајт, препознавајќи повеќе проблеми на пазарот, како што се трошоци за хостинг,  SSL сертификат и комплицирана регистрација на домеин.


Алатката целосно го решава креирањето на веб страна со .link домеин.

Истовремено, нуди едноставен едитор за креирање на уникатна веб страна во само неколку чекори – без скриени трошоци и потреба од технички вештини.

Симона Апостолска, дел од тимот на Feedlink, и продукт менаџер, вели:

“Сакаме да им дадеме шанса на сите оние кои постојано се стремат да ги остварат своите соништа. Со нашата алатка за креатори ја олеснуваме нивната работа и им овозможуваме да се фокусираат на нивната содржина, а дизајнот и хостингот на веб страната да ни ги препуштат на нас.”

Доколку сте креатор или сопственик на мал бизнис кој бара лесен начин за да го изгради својот бренд, Feedlink може да ви помогне во тоа.

Feedlink е достапен бесплатно со тоа што првите 1000 корисници ќе добијат 1 година бесплатен .link домеин. Промотивната понуда вклучува:

  • 1 година бесплатен домеин
  • Бесплатен SSL сертификат
  • Бесплатно одржување и хостирање.
  • Бесплатна алатка за дизајнирање/креирање на персонален сајт.

Регистирај се тука →

Дополнително, ПРО корисниците имаат можност автоматски да синхронизираат и прикажат слики и видеа од Инстаграм и ТикТок.

Време е да добиете и вие ваша лична .link страница! Посетете го feed.link за да се регистрирате уште денес.

Feedlink е официјално и на ProductHunt, па доколку ви се допаѓа можете да не поддржите TУКА.

EmbedSocial е 100% македонска компанија која развива иновативни продукти кои им помагаат на компаниите да изградат доверба со помош на содржините што ги споделуваат на социјалните мрежи. Тимот е базиран во Скопје и Токио, а платформата ја користат над 200,000 корисници од целиот свет.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!