19.8 C
Skopje
петок, август 12, 2022

Иновативност на европската премиера на Vivo X80 Pro! Телефон кој поставува нови стандарди во мобилните уреди!

Kabtel desktop

„Иновативност“ ја имаше честа за присуствува на претставувањето на флегшип телефонот на компанијата Vivo, Vivo X80 Pro. Настанот се одржа во Берлин и беше се само не вообичаен. Телефонот е заеднички производ на кинеската компанија Vivo и на лидерот во оптичка технологија Zeiss, па експерти од двете компании и од Qualcomm, чиј чипсет во телефонот функционира паралелно со чипсетот на Vivo, Vivo V1+, лично ни ги објаснија сите опции кои телефонот го прават посебен и поинаков од сите други.

Настанот се одржа во Планетариумот во Берлин и на лице место имавме прилика и самите да ги испробаме сите функции и да се увериме во се што ни беше презентирано. Компаниите Vivo и Zeiss ги обединија своите најмодерни технологии за да создадат еден телефон кој ќе ги задоволи стандардите, барањата и потребите на различни категории потрошувачи.

Благодарение на технологијата на Zeiss, боите коишто ги прикажува телефонот се најреални. Од фотографијата во прилог можете да видите со какви се предмети од секојдневниот живот и палети на бои ги тестираат телефоните Vivo.

Нашиот впечаток од досегашното тестирање на телефонот е едногласен – импресионирани сме од се што се крие во Vivo X80 Pro.

Димензиите на телефонот се 164.6 x 75.3 x 9.1 мм, тежи 215 гр / 219 гр. Има опција за дуал СИМ картичка, IP68 сертификат за отпорност на прашина и вода (до 1,5м за 30 мин). 6,68-инчниот екран има резолуција од 1440 x 3200 пиксели. Оперативниот систем на Vivo X80 Pro e Android 12. Чипсетот е Qualcomm SM8450 Snapdragon 8 Gen 1, кој работи паралелно со Vivo V1+. Доаѓа со неколку комбинации на внатрешна и RAM меморија – 256GB и 8GB RAM, 256GB и 12GB RAM, 512GB и 12GB RAM и нема опција за дополнителна меморија. Главната задна камера е Quad Core камера од 50 MP, 8 MP, 12 MP и ултраширока од 48 MP. Селфи камерата има 32 МР, а може да се снимаат видеа во 8K, 4K и 1080p. Телефонот поддржува брзо полнење од 80 W, односно 50 W и поддржува NFC.

Но, ова се само техничките специфики за телефонот, а она што потрошувачите најмногу ги интересира е како изгледа да се користи овој телефон во пракса. Слободно можеме да кажеме дека овој телефон е нова класа сам по себе.

Како изгледа да се користи телефонот во пракса?

На прво место одушевува оптиката на Zeiss која е вградена во камерите. Леќите на Zeiss ги даваат најприродните бои на фотографиите и на видеата, а некои од опциите што ги има телефонот се уникатни. Имено, опцијата 360 Stabilization ќе ве остави без збор. Што значи 360 stabilization? Тоа значи дека кога ќе ја активирате опцијата, можете да го вртите телефонот како сакате, а сликата што ја гледате на екранот секогаш ќе биде исправена и како што реално ја гледате со своите очи.

Понатаму, кога снимате видеа она што најмногу не импресионираше е опцијата Cinematic. Благодарение на оваа опција видеата што ги снимате ќе изгледаат како да се снимени со некоја професионална филмска камера и како да гледате вистински филм. Опцијата Cinematic им дава некоја магија на видеата.

Ова е кратко видео направено со Vivo X80 Pro на презентацијата на телефонот токму во опцијата Cinematic.

Освен опцијата да се заштити приватноста на телефонот со еден отпечаток од прст, може да додавате повеќе отпечатоци за отклучување, но не само за тоа. Со отпечаток од прст можете да заштитите и некоја апликација или папка по желба, па никој освен вас да нема пристап до нејзината содржина. За побрзо пристапување до некоја апликација, можете да ги ставите на почетниот екран и да ги активирате без да го отклучувате телефонот.

Знаете како кога фотографирате со телефон ако има извор на светлина од некоја страна, било да се тоа сончеви зраци или светлина од сијалица, на фотографијата ќе се појави отсјај или нема да се гледа голем дел од фотографијата. Најновата леќа на Zeiss вградена во задните камери е толку напредна што без разлика во какво осветлување фотографирате, вашите фотографии секогаш ќе бидат совршени без никаков отсјај.

Еве и фотографија на која се гледа токму тоа.

Исто така, импресионира како на фотографиите и видеата на Vivo X80 Pro се гледаат сите детали дури и кога фотографирате или снимате ноќе. Во прилог имате фотографија направена во навистина затемнета просторија осветлена само со ласеир и неонски бои. На фотографијата се гледа се исто како што се гледаше во живо.

Внатрешната меморија од телефонот е многу повеќе од доволна за да инсталирате вакви сакате апликации и видеоигри без да се намали брзината на работа. Освен тоа, телефонот има и посебна опција наречена Ultra Game Mode, која овозможува на левата страна на екранот да се појави посебно сокриено мени за управување со игрите, да се оптимизира периферниот вид кога играте, да се оптимизираат боите на видеоигрите, како и да се блокираат сите известувања додека играте.

Можете да следите колку време поминувате на која апликација, колку е препорачаното здраво користење на телефонот за вас, да поставите родителски ограничувања на кои сакате содржини, а екранот е waterfall, се протега од раб до раб, и е толку голем што ќе заборавите дека гледате видео или филм на телефон.

Батерија која трае неколку дена

Батеријата на телефонот се полни многу брзо – отприлика 30-40 минути за 100% полна батерија, но она што импресионира најмногу е колку време трае таа батерија дури и кога постојано се користи телефонот. Дури и ако цел ден гледате видеа, отворате апликации или играте видеоигри, батеријата трае околу два дена. Неверојатно, нели?

Тоа се само некои од опциите кои го прават овој телефон навистина уникатен. Ако сте во потрага по нов телефон и размислувате својата доверба повторно да ја дадете на некој од попознатите брендови кај нас, размислете уште еднаш и инвестирајте во новиот Vivo X80 Pro. Не само што нема да погрешите, туку ќе се уверите дека сте го купиле најдобриот телефон што сте можеле да го посакате.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!