19.8 C
Skopje
петок, август 12, 2022

Кинези направија ласерско пенкало кое пишува по воздух

Kabtel desktop

Холограмите, мета универзумот, проширената реланост и сл. се технологии кои некогаш беа само нечија имагинација, а сега активно се развиваат. Но, во сите тие технологии потребно е да има некаков екран за она што се прикажува навистина да се види.

Но, кинески научници од Лабораторијата Хунгтуо во Вухан направија ласерско пенкало чии можности се неверојатни. Тие тврдат дека со нивното пенкало може да се пишува по воздух, што би било голем чекор напред во развојот на холограми.

Како што пишуваат кинеските медиуми, пенкалото користи многу кратки ласерски пулсирања за да ги отстрани електроните од молекулите во воздухот и да ги претвори воо плазма која емитува светлина, а сето тоа овозможува напишаните зборови да се појават во воздухот.

Водителот на истражувањето, Цао Џиангдонг, за медимуите истакна дека за цртање во воздухот со ова пенкало не им се потребни ниту хартија, ни плоча, ни екран. Тој појасни дека ова пенкало користи пулсирања од само неколку фемтосекунди (еден квадрилионити дел од секундата), на кои им се потребни милион мегавати енергија. Но, бидејќи тие пулсирања се кратки, потрошувачката на енергија и не е толку голема, а ласерското пенкало може безбедно да се користи.

(South China Daily)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!