Продажбата на паметни телефони падна за 9% поради инфлацијата

- Advertisement -

Во светот во вториот квартал од годинава се испорачани 316 милиони паметни телефони или 9% помалку отколку во истиот период минатата година. Причината за тоа е намалената побарувачка поради помалите приходи како последица на инфлацијата и другите економски препреки, велат од аналитичката компанија Canalys.

Во вториот квартал продолжува падот на испораките на паметни телефони кој е присутен од почетокот на годината и доставувачите,како што велат аналитичарите на Canalys, поради натрупување на залихите, се принудени да го преиспитаат своето портфолио за во втората половина од годината да имаат подобри резултати.

- Advertisement -

Сепак, и покрај вкупниот пад на испораката, истражувачите напоменуваат дека побарувачката за телефоните на Apple и Samsung и понатаму е голема и дите двајца производители и понатаму се на првите две места според продажбата, а и меѓу првите пет се единствените кои го зголемиле пазарниот удел.

Samsung и понатаму е на прво место во вториот квартал на 2022 година и има најголем удел во испораката на смартфони од 21%, што е раст од 18% во истиот квартал во 2021 година. Додека, Apple со пазарен удел од 17% ито така забележа раст од 14% во вториот квартал на 2021 година.

- Advertisement -

Меѓу првите пет доставувачи се и Xiaomi, Oppo и Vivo, кои годинава забележаа пад на пазарниот удел во испораката на смартфони, па така уделот на Xioami од ланските 17% падна на 14% годинава, на Oppo падна од 11% на 10%, а на Vivo од 10% на 9%.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -