Изминатата недела не погоди топлотен бран кој температурите ги дотера до над 40 степени Целзиусови. Без оглед на тоа дали преферирате лето и топло време, факт е дека овие температури се превисоки дека летата ни стануваат се потопли.
Колку се менувале просечните годишни температури изминатите 120 години можеби најдобро покажува графиката која ја осмисли професорот Ед Хокинс, а ја објави Универзитетот Ридинг во склоп на кампањата #ShowYourStripes.
Станува збор за кампања во која температурите се прикажуваат во форма на различни бои – од темно сина за поладни температури до темно црвена за високи температури. Како што појаснуваат, секоја линија претставува годишен температурен просек за таа година.
Она што е јасно забележително, без оглед на тоа за кој регион во светот или држава се работи, има постојан раст на просечните годишни температури. За речиси секоја земја или регион линиите преминуваат од претежно сини во претежно црвени последните години, што јасно покажува пораст на просечните температури во земјата, напишаа во објаснението од Универзитетот Ридинг.
Овие графики се дизај нирани што поедноставно за да поттикнат дебата за загревањето на светот и за ризиците од климатските промени. Постојат бројни информации кои даваат повеќе детали за тоа како се менувале температурите, а овие гафики поттикнуваат комуникација, а не е потребно научно знаење за да се разбере нивното значење.
Најголем дел од податоците доаѓаат од базата на податоци за температурите наречена Berkeley Earth. За некои земји се користени податоци од национални метеоролошки агенции, додека за глобалните просеци се користени податоци од британската Метеоролошка канцеларија.
Доволен е само еден поглед на графиката за последните годишни температури за да се види колку пораснала температурата во последните 120 години.
(Dnevnik.hr)
(фото: University of Reading, Pixabay)