18.8 C
Skopje
петок, август 12, 2022

Во кој европски град можете најбрзо да сурфате на интернет?

Kabtel desktop

Летото е време кога голем број Европејци одат на годишен одмор. И додека некои бираат планини, други својот одмор ќе го поминат некаде на брег или на остров. Затоа Ooklа одлучи да тестира одделни популарни локации за одмор во Европа и да најде каде посетителите можат да користат најбрза конекција за сурфање на интернет на сопствен смартфон.

Тие градовите ги поделија во четири категории кои би можеле да привлечат посетители – големи градови, популарни плажи, културни центри и шумски оази. Потоа ги споредија податоците за просечната брзина на преземање податоци и латенцијата со помош на Speedtest Intelligence.

Во категоријата големи градови убедливо победи Скандинавија. Дури три града – Осло, Стокхолм и Копенхаген – се на самиот врв по брзината на преземање над 136 Mbps. Тоа значи дека од овие градови најлесно ќе можете да направите видеоповик на интернет без какви било проблеми.

Но, ситуацијата со правењето видеоповици на плажа е нешто сосема друго. На самиот врв е францускиот град Биариџ, а потоа следува Корчула. Овие две локации имаат најголема просечна брзина на преземање на листата со плажи во текот на вториот квартал од 2022 година од 155,65 Mbps, односно 133,67 Mbps. Варна во Бугарија и Фаро во Португалија се на трето и четврто место со 104,00 Mbps, односно 101,74 Mbps, велат од Ooklа. Од друга страна, италијанските Амалфи и Цефалу имаат најлоши резултати во оваа категорија.

За оните кои бираат одмор во комбинација со културно збогатување и сакаат историски дестинации, податоците на Ooklа велат дека идеална дестинација би била Тромсо во Норвешка, Амстердам во Холандија или Бристол во Велика Британија. Но, на високото четврто место на таа листа се најде и Дубровник, каде што брзината на преземање е 82,17 Mbps.

Оние, пак, кои сакаат мир и тишина, треба да ги посетат шумските предели во Европа. Од Ooklа велат дека алпските градови Инсбрук во Австрија и Дињ ле Бен во Франција имаат најбрза просечна брзина на преземање преку мобилен телефон од 87,34 Mbps, односно 67,30 Mbps.

(Oookla)

(фото: Sociable living)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!