Како што напредува војната во Украина трошоците за реизградба и реконструкција на земјата драстично растат. Обновувањето на оваа земја ќе биде вистински предизвик за меѓународната заедница.
Според проценките на Светска банка, на Европската комисија и на украинската влада на она што е уништено, реизградбата на Украина и на нејзината економија во моментот би чинеле речиси 350 милијарди долари
За повеќе од шест месеци, колку што трае руската инвазија во земјата, има многу руини и уништени имоти. Во извештајот на институциите се вели дека штетата од оваа инвазија ќе се чувствува со генерации нанапред, затоа што има многу раселени и разделени семејства, попречен е човечкиот развој, уништено е културно богатство и спречен е позитивниот економски раст.
Притоа, извештајот го покрива периодот само до 1 јуни, што значи дека штетата која се направила во последните три месеци не е пресметана. Се проценува дека директната штета до моментот кога е земен предвид е околу 97 милијарди долари, а најмногу се засегнати инфрадтруктурата, транспортот, трговијата и индустриите.
Се проценува дека нанесената штета од прекинот на економските активности и на производството е околу 252 милијарди долари.
Во извештајот на Светска банка се потенцира дека додека од суштинско значење е постепено да се реконструира земјата во текот на наредните неколку години, околу 105 милијарди длари се потребни за да се обнови социјаната инфраструктура како што се училиштата и болниците, да се поправат транспортните врски и да се подготват за можен недостиг на енергија зимава.
(DW)
(фото: Wikimedia)































