8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Редукцијата на струјата во Европа може привремено да ги прекине и мобилните мрежи

Kabtel desktop

Мобилните мрежи зимава привремено може да останат без напојување ако владите одлучат да ја ограничат потрошувачката на струја, предупредуваат извори од телекомуникацискиот сектор кои ги проверуваат залихите на генертатори и размислуваат за батерии.

Главнит елица во телекомуникацискиот сектор стравуваат дека јаката зима може да ја тестира европската телекомуникациска мрежа и да ги присили владите да се обидат да ги ублажат последиците од редукцијата.

Моментално во многу европски земји нема доволно резервни системи кои би се справиле со поопсежни прекини во снабдувањето со струја, велат четворица директори на најголемите телекомуникациски компании, што би оневозможило употреба на мобилни телефони.

Земјите на ЕУ, вклуќувајќи ги и Франција, Шведска и Германија, се обидуваат за осигураат нормално фунцкионирање на комуникациите дури и ако прекинот на струјата ги испразни помошните батерии на илјадници мобилни предаватели. Европа има речиси половина милион предаватели, а најголем дел од нив имаат резервни батерии кои траат околу 30 минути.

Плановите на францускиот дистрибутер на електрична енергија Enedis вклучуваат потенцијално исклучување на струјата до два часа во најлош случај. Струјата би се исклучувала целосно во некои делови од земјата, но тие ќе ротираат. Од редукцијата би биле поштедени битните служби како болниците, полицијата и владата.

И телекомуникациските компании во Шведска и Германија изразија загриженост поради потенцијалните прекини на електрична енергија. Шведскиот регулатор PTS објави дека соработува со компании и други владини агенции на пронаоѓање решение.

Европските телекомуникациски оператори мора да ги анализираат своите мрежи за да ја намалат потрошувачката на енергија и мора да ја модернизираат опоремата и да користат енергетски поефикасни радиски системи. За да заштедат енергија телекомуникациските компании користат софтвер кој осигурува оптимален промет, ги гаси неактивните предаватели и исклучува одделни делови од фреквенцискиот спектар.

Европските земји со децении немале проблеми со снабдувањето со електрична енергија, па главно немаат генератори кои може да обезбедуваат струја на подолг период, пишува Reuters.

(Reuters)

(фото: Pixabay)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!