Најголемиот извозник на нафта во светот сега сака да продаде над 150.000 електрични возила годишно

- Advertisement -

Најголемиот извозник на нафта во светот , Саудиска Арабија, сега е подотвена да извезува електрични возила во рамките на својата програма Vision 2030. Според Абдула ал-Сваха, кој е министер за комуникации и информациска технологија на Саудиска Арабија, земјата ќе произведува над 150.000 електрични возила до 2026 година.

Vision 2030 е планот на Саудиска Арабија за кратење на емисијата на јаглерод диоксид и земјата да ја стави на патот до стабилен економски раст. Ал-Сваха изјави дека во 2026 година кралството ќе произведува и ќе продава над 150.000 електрични возила годишно.

- Advertisement -

Тој додаде и дека инвестицијата на кралството во Lucid Motors ги пласирала меѓу развиените земји на тоа поле. Според министерот за инвестиции на Саудиска Арабија, Калид Ал-Фалих, Lucid Motors почнала со изградба на првата фабрика за електрични возила во мај годинава. Фабриката ќе биде една од трите најголеми фабрики на производителот на автомобили.

Фондот за јавни инвстиции на Саудиска Арабија поседува 61% од калифорнискиот производител на електрични возила. Во април годинава саудиската влада откри дека нарачале од 50.000 до 100.000 возила од Lucid во текот на наредните десет години.

- Advertisement -

Од Lucid изјавија дека првите 100.000 возила за Саудиска Арабија се многу битен момент во забрзувањето на развојот на одржливиот транспорт во светот, како и дека се пресреќни што ќе и помагаат на Саудиска Арабија да ги достигне целите за одржливост и нула емисија на гасови.

Иако Саудиска Арабија поседува 17% од вкупните резерви на нафта на Земјата, нестабилниот пазар за нафта ја потресува економијата на земјата кога ќе има остар пад на цените, како што се случи на почетокот на пандемијата на корона вирусот. Затоа, како дел од Vision 2030, Саудиска Арабија сака да го зголеми БДП кој не е поврзан со нафтата на 50% од сегашните 16%.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Preview Tech)

Сподели!
- Advertisement -