IBM го претстави најмоќниот квантен процесор на светот

- Advertisement -

IBM го претстави најмоќниот квантен процесор во светот – Оsprey, кој има дури 433 квантни бита. Иако традицоналните компјутери не служеа со децении наназад, тие полеска се заменуваат со квантни компјутери. Додека нашите обични компјутери складираат и обработуваат податоци во бинарни битови, како нули и единици, квантните користат кубити или квантни битови. тоа експоненцијално ја подига моќноста за обработка на податоци и им овозможува вршење на операции кои се невозможни за конвенционалните компјутери.

Со моќност од 433 кубити, Osprey е најнапредниот квантен процесор во светот. Содржи двојно повеќе кубити отколку претходниот рекордер – Xanadu Borealis – кој беше тестиран со 216 кубити, и над трипати повеќе од IBМ Eagle, кој имаше 127 кубити.

- Advertisement -

Osprey има слична архитектура како и неговиот претходник, а се состои од еден слој кубити на врвот на неколку слоеви контролни жици, што помага за нетрпување на повеќе кубити додека истовремено ја намалува стапката на грешки. Сега е додаден и интегриран систем за филтрирање, кој помага да се намали бучавата и да се подобри стабилноста на уредите.

IBM најави и некои други подесувања на своите квантни системи. Во однос на софтверот, подобрено е исправувањето на грешките и корисниците добија можност за полесен избор меѓу поголема брзина или прецизност.

- Advertisement -

Иако ова достигнување е импресивно, од IBM на тоа гледаат само како на еден од чекорите до крајната цел. Имено, од компанијата велат дека за идната година планираат квантниот процесор Condor да се пофали со 1.121 кубити, а в олан е и модуларен процесор наречен Heron, кој ќе може да се сложува од повеќе модули по 133 кубити за да направи помоќни процесори.

Сите тие се само отскочни штици до остварување на планот на IBM да направи квантен систем со над 4.000 кубити до 2025 година.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -