4.8 C
Skopje
вторник, ноември 29, 2022

Британски научници создадоа нова технологија за чистење на СО2 од воздухот

Kabtel desktop

Ново истражување кое го објави Универзитетот Сари пред неколку дена објаснува нова технологија која на научниците ќе им овозможи да го соберат CO2 од воздухот и да го претворат во корисни хемикалии. Крајниот резултат е ефикасен метод за производство на нуспроизводи како јаглерод моноксид и синтетички природен гас.

Чистењето на CO2 од воздухот околу нас и негово директно претворање во корисни производи е точно она што ни треба за да постигнеме карбонска неутралност во хемискиот сектор. Ова може да биде многу битно скалило на патот до постигнување на тоа и остварување на нула емисија до 2050 година во Обединетото Кралство, велат научниците од Универзитетот Сари.

Тие додаваат дека мора да избегаме од сегашниот начин на размислување за тоа како да произведем хемикалии затоа што сегашната пракса главно се базира на фосилни горива, кои не се одржливи. Со новата технологија можеме да се снабдиме со хемикалии без да испуштаме толку јаглерод диоксид и да ги замениме фосилните горива со одржлив водород.

Новиот изум користи технологија која ќе биде патентирана, а се вика Dual Function Materials (DFMs) или материјали со двојна функција. DFM го ловат јаглерод диоксидот и го катализираат неговото претворање директно во хемикалии.

DFM ги нарекуваат променливи затоа што можат да произведуваат рзлични хемикалии во зависност од условите или составот на додадениот реагенс. Тоа значи дека технологијата е многу приспособлива на различната побарувачка на хемикалии, како и на достапноста на водородот како реагенс.

Лукиа-Панцехрула Меркури, студент на Универзитетот Сари, која го предводела истражувањето, вели дека оваа иновација ќе помогне за борба против климатските промени.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!