4.8 C
Skopje
вторник, ноември 29, 2022

Војната во Украина и пандемијата на КОВИД ќе резултираат со рекордна емисија на СО2 годинава

Kabtel desktop

Емисијата на гасови од фосилните горива ќе достигне рекордна вредност годинава и нема знаци дека тој нагорен тренд ќе престане, покажа анализата на Global Carbon Project.

Студијата открила дека емисијата на CO2 произведена од фосилните горива ќе достигне 40,6 милијарди тони во 2022 година, што значи дека има раст од 1% со споредба со минатата година.

Ако продолжи овој нагорен тренд на емисијата, има 50% шанси глобалното затоплување да надмине 1.5°C во период од девет години, велат авторите на извештајот.

Научниците велат дека ограничувањето на 1.5°C е неопходно за да се спречат многу пострашни последици од климатските промени, кои може да убијат милиони луѓе и да направат големи делови од Земјата неповолни за живот.

Глобалната емисија на стакленички гасови се намали во 2019 година поради пандемијата на КОВИД-19, а сега над 100 научници од 80 институции велат дека емисијата полека ќе почне да се качува на нивоата пред пандемијата.

Во извептајот се наведуваат неколку причини за растот на емисијата на стакленички гасови. Комбинацијата од два фактори, закрепнувањето од КОВИД и енергетската криза, се една од главните причини за покачената емисија. Студијата открила и дека промената во употребата на земјиштето, особено сечењето на шумите, се битен фактор за зголемена емисија на CO2 и се одговорни за 10% во вкупната емисија.

Индинезија, Бразил и Конго се одговорни за дури 58% од глобалната емисија на гасови поради пренамена на земјиштето. Како што се вели во извештајот, ако владите почнат наголемо да инвестираат во чиста енергија и пошумување, а не сечење дрвја, глобалната емисија ќе се намали значително.

Се очекува годинава емисијата на гасови во Кина да падне за 0,9%, а во ЕУ за 0,8%. Во САД, пак, се очекува раст на емисијата за 1,5% и во Индија за 6%, додека во остатокот од светот ќе порасне за 1,7%.

(Euro News)

(фото: Pixabay)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!