ВИДЕО: Создадена роботска риба од клетки на човечко срце

- Advertisement -

Научници од Харвард создадоа роботска риба од клетки добиени од човечко срце. Тоа е чекор напред до создавање на вистинско вештачко срце од човечки клетки во иднина. Тоа во иднина ќе може да ги заменува оштетените и болните човечки срца и да спасува безброј животи.

Биохибридниот уред има слој од клетки од срце на двете страни од рибата. Едната половина од нив контрахира, а другата се олабавува. Секое олабавување испраќа биолошки сигнал кој ги тера клетките повторно да контрахираат. Со тоа се создава едно репетитивно движење напред-назад. Научниците поставиле и еден вид на пејсмејкер во рибата, кој го регулира ритамот и фреквенцијата на движњата.

- Advertisement -

Рибата може да така да плива до 100 дена, а додека плива станува и посилна и побрза затоа што мускулните клетки созреваат. Оваа риба е првиот чекор од едно доста долго патување кое ги очекува научнциите додека ги изучуваат сите механизми кои прават нашето срце да чука, со крајна цел да направат целосно вештачко срце од живи клетки кое ќе се користи за трансплантација.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -