8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Coca-Cola петта година по ред е најголем загадувач со пластика во светот

Kabtel desktop

Конечно се познати најголемите загадувачи со пластика во светот за оваа година и Coca-Cola повторно се искачи на врвот на таа листа, и тоа петта година по ред. Ова е особено контрадикторно сознание имајќи го предвид спонзорството што го дава компанијата за храна и пијалаци за климатскиот самит COP27 во Египет.

„Наместо да им дозволиме на компаниите како Coke да ги го чистат имиџот со вакви активност, владите мора да ги натераат загадувачите да инвестираат во реупотреа и алтернативни системи за достава на производите, со што ќе се избегне целиот проблем“ велат од организацијата Break Free From Plastic, која ја составува листата со најголемите загадувачи со пластика во светот.

Резултатите се добиени со годишната анализа на Break Free From Plastic за 2022 година. На листата меѓу првите пет најголеми загадувачи се наоѓаат и Mondelez International, Unilever, Nestle и PepsiCo.

Листата е составена според резултатите од анализата која ја направиле 200.000 граѓани-научници во 87 земји во светот, кои го анализирале отпадот кој го собрале од плажите и од други локацции.

Coca-Cola не само што пет години поред ред е најголем загадувач со пластика во светот, туку и за период од една година го дуплирале отпадот. Организацијата Break Free From Plastic сега ги користи добиените резултати за да се состави еден вид на договор за глобална пластика, кој ќе содржи механизми и политики кои ќе мора да ги почитуваат сите затоа што очигледно е дека не може да им се верува компаниите сами ќе си постават цели.

Во март годинава почнаа преговори во Агенцијата за животна средина на ОН за една рамка која ќе помогне да се реши проблемот со загадувањето со пластика. Но, досега нема плод од тие преговори. Во 2018 година ОН лансираа нешто што се вика New Plastics Economy Global Commitment, односно документ кој компаниите, вклучувајќи ги и најголемтие загадувачи, требаше доброволно да го потпишат. Но, извештајот за напредокот до 2022 година покажа дека речиси сигурно нема да бидат исполнети таргетите за 2025 година.

(Euro News)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!