8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Кина направи мотори на керозин со кои авионите ќе бидат 7 пати побрзи од звукот

Kabtel desktop

Кинески истражувачи тврдат дека го направиле првиот брановит мотор со хиперсонична детонација. Според нив, моторот може да придвижи авион со брзина од 9 маха, односно 9 пати побрзо од брзината на звукот, а сето тоа со користење на евтино гориво.

Моторот успешно поминал повеќе тестови во пекиншкиот JF-12 хиперсоничен тунел. Претходно не биле направени други такви тестови на мотор на керозин со хиперсонична детонација, велат истражувачите.

Истражувачите објавија технички информации за моторот на керозин во извештај објавен во весникот Journal of Experiments in Fluid Mechanics на 11 ноември, а тестовите биле спроведени претходно во текот на годината.

Тимот експериментирал со моторот, кој генерира потисна моќ со низа експлозии, а студијата ја предводел Лиу Јунфенг, инженер во Институтот за механика при Кинеската академија на науки.

Споредено со други хиперсонични мотори, моторот со детонација може да функционира ефикасно и со поголема моќ. Серија од експлозии се предизвикани од бран од детонации. Тие експлозии се случуваат многу брзо и испуштаат многу повеќе енергија од моторите со внатрешно согорување, а трошат иста количина гориво.

Мотори со детонација развиваат научници низ целиот свет, но тие главно работат на водородно гориво, кое е скпао и експлозивно. Горивото за авиони, познато под називот RP-3, кое често се среќава по кинеските аеродроми, е горивото на Јунфенг.

Компјутерските симулации покажуваат дека за керозинот да се користи како гориво потребна е детонациска кмора 10 пати подолга од таа кај моторите на водород. Тоа би било непрактично за хиперсоничните авиони затоа што таму секој милиметар е битен.

Сепак, кинеските истражувачи откриле дека една мала модификација – додавање на мала испакнатина на делот каде што влегува воздухот – може да го олесни спалувањето на керозинот, а истовремено комората да остане компактна.

(Interesting Engineering)

(фото: Wikimedia)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!