8.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Норвешка компанија од стари гуми произведува нафта

Kabtel desktop

Компанијата Wastefront е норвешка компанија за рециклирање на стари гуми. Во соработка со шведската компанија Hulteberg Chemistry and Engineering добија грант од над 2 милиони евра од иницијативата Eureka Eurostars, поддржана од ЕУ, и Норвешкиот истражувачки совет и Шведската агенција за иновации за нивниот проект за прочистување на нафта. Двете компании велат дека оваа европска иницијатива ќе помогне да се трансформираат процесите за претворање на старите гуми во чиста нафта.

Eureka Eurostars е програма за финансирање на бизнис соработки. Вкупната вредност на грантот од оваа програма изнесува 1,038 милиони евра, а од другите партнери добиле иста сума. Според соопштението од Wastefront, грантот ќе го финансира нивниот проект за прочистување на нафта наречен Hyfuel, кој опфаќа развој на нов каталитички пристап за прочистување на нафтата добиена со пиролиза од стари гуми.

Процесот Hyfuel и овозможува на Wastefront да ја зголеми веќе одличната вредност на нивните биогорива така што ќе ги понуди на комерцијални купувачи со оптимизација на некои од карактеристиките на нафтата добиена од стари гуми кога ќе се трансформира во обновливи горива за различна примена.

„Прочистувањето на нафтата добиена со пиролиза е клучен нареден чекор за нашата индустрија на патот до позелени, поефикасни начини за користење на старите гуми. Револуционерните проекти како овој, кои во својата основа имаат соработка, иновации и добра намера, се најбитни за достигнување нула нето транзиција слушајќи ги потребите на нашата планета“ велат од Wastefront.

Од Wastefront додаваат дека предтретирањето на производот од пиролизата значи дека нафтата добиена со Hyfuel ќе може да се користи како замена за дизел гориво без да мора дополнително да се рафинира. Освен тоа, процесот Hyfuel нема потреба од високи температури, троши многу малку енергија, има ниска емисија на стакленички гасови и е многу подобра алтернатива за околината.

„Уверени сме дека нашата соработка ќе го поплочи патот за уште понапредни процеси за користење на старите гуми и е одлична можност за да се зачуваат природните ресурси на нашата планета користејќи обновливи извори и циркуларни процеси“ велат од Hulteberg.

Кога ќе биде комплетирана во 2025 година, фабриката за рециклирање гуми на Wastefront во Сандерленд, Велика Британија, вредна 100 милиони евра, ќе произведува нафта од 20% од вкупната количина гуми кои се фрлаат во Велика Британија.

(Recycling Today)

(фото: Pxhere)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!