8.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Отворен вториот повик за млади за учество во работата на Ино Фаб Лаб!

Kabtel desktop

ИНО ФАБ ЛАБ го отвори повикот за млади на возраст од 15-29 години за учество во работата на првиот Фаб Лаб во нашата земја!

ИНО ФAБ ЛАБ, лабораторијата за производство и прототипирање, лоцирана на Технолошко-металуршки факултет во Скопје, е опремена со најнова генерација на 3Д печатари, ЦНЦ машина за дрво, метал и пластика, линија за рециклирање на пластика и преса за композитни материјали. Овде младите, работејќи во тимови, разработуваат иновативни идеи и ги реализираат до фаза на прототип.

Кој може да аплицира?

Сите млади од земјата на возраст од 15 до 29 години. Нема ограничување во однос на местото на живеење и образовната институција каде што се образуваат.

Како ќе се одвива работата во ИНО ФАБ ЛАБ?


Работата ќе се одвива во тимови од 4 до 8 лица, од кои најмалку 40% треба да бидат женски лица. Тимовите ќе бидат менторирани од професори, иноватори и инженери/експерти од различни индустрии. Работата на еден проект ќе трае од 2 до 4 месеци, а добиениот прототип ќе биде презентиран на настан пред стручната и инвеститорска заедница.

Пријавувањето е отворено од 06 декември 2022 до 30 јануари 2023 година на следниот ЛИНК.

За сите дополнителни прашања контактирајте не на следната е-меил адреса: innofablabmk@gmail.com

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!