Идентификувана најстарата ДНК досега

- Advertisement -

Научници ја идентификуваа најстарата ДНК досега, стара дури 2 милиони години. Ја пронајдоа во седимент од ледената доба на Гренланд, со што го отворија првото поглавје во палогенетиката. Најстарата ДНК во историјата открива како изгледал Арктикот пред 1 милиони години, која било многу потопло.

Ја пробиваме бариерата на она што мислевме дека можеме да го постигнеме во генетските студии, вели Микел Винтер Педерсен, коавтор на новата студија објавена во научното списание Nature.

- Advertisement -

Долго време се верувало дека милион години е границата на преживување на ДНК, но сега е пронајдена дупло постара од тоа. Научниците ги пронашле фрагментите од ДНК во седименти од најсеверниот дел на Гренланд. Фрагментите доаѓаат од средина која денес ја нема никаде на Земјата, а бидејќи биле замрзнати во оддалечено ненаселено подрачје, ДНК е многу добро сочувана.

Новата технологија им овозможила на научниците да утврдат дека 41 фрагмент е постар над милион години од најстарата позната ДНК на сибирски мамут. Тие морале прво да утврдат дали постои ДНК скриена во глина и кварц, за потоа да пробаат да ја извадат од седиментите за да ја проучат.

- Advertisement -

Методата која ја користеле овозможува темелно разбирање зошто минералите или седиментите можат да сочуваат ДНК, вели Карина Санд, која е на чело на геобиолошкиот тим на Универзитетот Копенхаген и која учествувала во оваа студија. Таа додава дека тоа е Пандорина кутија која допрва ќе ја отворат.

Реките кои течат низ околината ги транспортирале минералите и органските материјали во морската средина и таму се таложеле копнените седименти, вели Винтер Педерсен. Потоа во даден момент, односно во некој период пред околу 2 милиони години, таа копнена маса од под водата се издигнала и станала дел од северен Греналнд, објаснува тој. Денес тоа подрачје е арктичка пустина, каде што веќе се откриени различни видови наслаги, вклучувајќи и фосили на билки и инсекти кои се сочувани во одлична состојба.

- Advertisement -

Истражувачкиот тим почнал со работа во 2006 година и сега добиле увид во тоа како изгледал регионот пред 2 милиони години.

(Dnevnik.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -