Франција воведува бесплатни кондоми за сите млади од 18 до 25 години

- Advertisement -

Францускиот претседател Емануел Макрон изјав дека во земјата кондомите ќе бидат достапни бесплатно во аптеките за сите млади на возраст од 18 до 25 години со цел да се намали бројот на несакани бремености меѓу младите.

„Тоа е мала револуција за контрацепцијата“ изјави Макрон во текот на една здравствена дебата со млади луѓе.

- Advertisement -

Овој негов потег следува откако владата годинава почна да нуди бесплатна контрола на раѓањето деца за сите жени помлади од 25 години, со што се прошири шемата за помлади од 18 години за да се осигураат дека младите жени не престануваат да земаат контрацепција затоа што не можат да си ја дозволат.

Националниот здравствен систем веќе ги надоместува трошоците за кондоми ако ги препише доктор или бабица, што исто така е мерка против ширењето на СИДА и другите полово преносливи болести.

- Advertisement -

Макрон изјави дека Франција, генерално, нема добра ситуација во однос на сексуалното образование.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -