Создадена униформа за пожарникари и полицајци која убива вируси и бактерии

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Алберта создадоа облека која може да ги убива сите бактерии и вируси со кои ќе дојде во контакт. Облеката е наменета за пожарникари и полицајци, а е направена од ткаенина која самата се деконтаминира. Овој материјал може да има и поширока употреба за сите видови униформа.

„Оваа технологија сакаме да ја направиме поефикасна и компатибилна со производни процеси на индустриско ниво, а тоа е голем чекор“ изјави Патрисија Долез, експерт за текстил на Факултетот за земјоделство, науки за животот и животната средина.

- Advertisement -

Проектот се фокусира на подобрување на краткорочните и долгорочните перформанси на завршната обработка на ткаенините која ја истражува Долез и нејзините колеги Џејмс Харинук и Џејн Бечелер. Целта е широкото индустриско производство на таква облека да биде економски изводливо.

Тие имаат добиено милион долари од програмата на Министерството за национална одбрана. Во завршната обработка на ткаенините се користат азот-халамини, соединенија кои можат брзо и ефикасно да ги убијат бактериите и вирусите, а лесно може да се нанесат на тесктилот. Тие се погодни за сите заштитни униформи и може да ги носат сите – од војската, пожарникарите до полицијата и медицинските работници.

- Advertisement -

„Ова решение може да се користи за секаква заштитна облека, па дури и за маски за лице, а тоа е дополнителен начин да се заштитат оние кои се грижат за нас“ вели Долез.

Системот потребен за реактивирање на завршната обработка на тесктилот уште е во развој. Овој систем подразбира потпопување на облеката во раствори кои содржат хлор. Бидејќи војниците на терен немаат секогаш пристап до вода или машини за перење алишта, потребен е лесен начин да ја заштитат својата облека ако се наоаат на далечни локации.

- Advertisement -

„Сакаме да развиеме систем со минимални штетни влијанија, кој нема да биде ни гломазен ни тежок, а лесно ќе се користи. Тоа може да бие прав или течност“ додава Долез.

Истражувачите се здружиле со канадската компанија Logistik Unicorp Inc., која управува со синџири за снабдување низа корпоративни и државни клиенти ширум светот, а кои користат заштитна облека. Нивната цел е да ја прилагодат технологијата на потребите на оние кои први излегуваат на терен.

(Klix.ba)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -