ВИДЕО: Снимена риба на најголема длабочина досега

- Advertisement -

Јапонски научници снимија риба на длабочина од 8.336 под површината на морето во близина на брегот на Јапонија. Станува збор за најголкемата длабочина на која досега е снимена некоја риба. Претходниот рекорд е 8.178 метри длабочина, а таа снимка беше направена во Маријанската бразда. .

За да ја снимат рибата научнциите спуштиле автономен лендер во браздата Изу-Огасавара, во близина на Јапонија, и ја снимија рибата полжав, за која проценија дека е на најголема длабочина на која која било риба може да преживее, пренесува BBC News.

- Advertisement -

Научниците сметаат дека снимената риба припаѓа на видот псеудолипарис, но не уловиле примерок за целосно да ја идентификуваат. Наместо тоа, тие фатиле неколку риби малку повисоко во водата, на длабочина од 8.022 метри, кои се идентификувани како псеудолипарис белајеви и со тоа го поставија рекордот за риба уловена на најголема длабочина.

Претходниот рекордер, рибата уловена во Маријанската бразда, била иденфитикувана како маријанска риба полжав во 2014 година. Рибите полжави живеат во најдлабоките делови од океаните, познати како хадал зона, каде што длабочината достигнува 6.000 до 11.000 метри и каде што владее целосен мрак, покажуваат податоците на Националната океанска и атмосферска асоцијација.

- Advertisement -

(Business Insider)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -