СОС Детско село е многу повеќе од организација. Зедно со нашите поддржувачи ние сме едно големо семејство!

- Advertisement -

Јулијана Накова Гапо е национален директор на СОС Детско село, која од оваа лидерска позиција веќе 15 години ја живее и реализира мисијата на организацијата – да обезбеди што поголем број на деца да имаат топол дом и грижа, да ги имаат сите права кои му припаѓаат на секое дете и да добијат еднакви можности да станат самостојни индивидуи!
Остварувањето на оваа мисија не е ниту лесно, ниту едноставно, но е можно благодарение на менаџментот и тимот на СОС Детско село и бројните поддржувачи на оваа благородна мисија! И оваа година се одржа годишниот настан за доделување признанија и благодарност на најголемите корпоративни и индивидуални донатори во 2022 година

Новинар – Верица Јорданова

Госпоѓа Накова Гапо, што значи да се биде Национален директор на СОС Детско село веќе 15 години?

Според светската статистика сè уште на 1 од 10 деца во светот им е потребно сместување во алтернативна грижа односно друга форма на згрижување различна од биолошкото семејство. За жал причините за тоа се комплексни и различни, но пред сè произлегуваат од лоши материјални услови, дисфункционални семејства во високи социјални ризици, занемарување, злоупотребување, одземено родителско право итн. Како национален директор на организација која е член на големото семејство на повеќе од 500 СОС Детски села во 134 земји низ целот свет и делува на територија на Македонија веќе 22 години и преку своите програми директно и индиректно помага на 460 деца и млади без родители или во социјален ризик. Одговорноста е многу голема, но чувството дека со секоја активност се менуваат кон подобри детски животи е незаменливо и за мене не постои поблагородна работа и мисија. Понекогаш се прашувам дали јас ја одбрав работата во СОС Детско село и таа ме одбра мене.

- Advertisement -

Аксиомата која вели цело село е потребно да се израсне едно дете, ние ја живееме секој ден и преку програмите на нашата организација СОС Детско село. Досега се израснати и осамостоени голем број на деца и млади кои се сега независни граѓани на општеството. Да се води ваков тип на хуманитарна организација која секојдневно прави разлика во нечии животи е истовремено и дар но и одговорност со огромни размери.

Кои се клучните постигнувања во Вашата работа овие 21 години и кои се новитетите?

- Advertisement -

Години наназад во моите интервјуа и обраќање имаше многу поголема потреба да ја објаснувам нашата мисија, кои сме ние, што работиме и кому помагаме! Денес после 21 година од нашето постоење скоро и да не постои некој кој не слушнал за СОС ДЕТСКО СЕЛО и не знае нешто за нас и за нашата работа.

Нашата мисија е да обезбедиме што поголем број на деца, да имаат топол дом и грижа, да ги имаат сите права кои му припаѓаат на секое дете и да добијат еднакви можности да станат самостојни индивидуи, да работат, да имаат свои семејства и да имаат достоинствен живот! Повеќето од вас веќе знаат дека нашиот клучен фокус е поддршка на деца без родители и родителска грижа, поддршка и зајакнување на семејства во тешки социјални ризици и осамостојување на младите после нивното полнолетство.

- Advertisement -

2022 година за нас беше многу важна година затоа што после многу години докажување, преговарање, лобирање успеавме да добиеме признание и од државата дека ние сме најкомпетентната организација со 20 години искуство и експертиза во грижата за деца и дека и САКАМЕ И МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ ПОВЕЌЕ! Нашата работа го достигна својот максимум во рамките во коишто работевме, првенствено во главниот град и затоа сакавме да го прошириме нашето влијание и да им помогнеме на уште многу деца и семејства, но и да поставиме повисоки стандарди за квалитетна грижа во целата држава за да секое дете го добие можност да го развие својот максимален потенцијал.

Официјално отворивме и лиценциравме Центар за поддршка на згрижувачки семејства со што нашата поддршка се прошири од 13 семејства на кои бевме фокусирани преку програмата СОС ДЕТСКО СЕЛО во Ченто, на 74 семејства и тоа во Скопје, Велес, Свети Николе, Кавадарци, Неготино, Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш. Во овие семејства се згрижени вкупно 143 корисници од кои 138 деца.

Освен што преземавме поддршка за овие постоечки 70 семејства дополнителна обврска и одговорност која ја преземавме преку овој центар е промоција на згрижувањето и обуки и регрутација на нови згрижувачки семејства

Реализиравме Кампања под слоганот „ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ-СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!“ и во текот на 2022 година и организиравме настани во 22 градови низ целата држава. Како резултат од кампањата регистрирани се вкупно 88 заинтересирани кандидати за згрижување. Вкупниот број на нови згрижувачки семејства изнесува 16. Вкупниот број на ново сместени деца во 2022 е 40 деца.

Со ова отворивме можност многу деца на кои им е потребна грижа и топол дом, а за жал такви деца секоја година има се повеќе, и со поголеми трауми и комплексни предизвици во развојот …

Колку е тешко да се финансира вака голема организација како СОС Детско Село?

Услугите кои ги овозможува СОС ДЕТСКО СЕЛО се едни од најскапите социјални услуги, односно директна грижа и обезбедување на услови за квалитетен живот на деца и млади без родители или родителска грижа, како и програми за превенција. Освен државата ниту една друга организација не ја дава оваа услуга и можност. СОС Детско село во Македонија во моментов згрижува деца и млади во четири посебни објекти во неколку општини (Гази Баба, Карпош и Бутел), а исто така има и Советодавен Центар во Општина Шуто Оризари и во Гази Баба. Во моментот нашата организација има над 100 вработени и нашата најголема сила е во посветените и лојални вработени, како и менаџерскиот тим и Управниот одбор со кој заедно ги носиме сите клучни одлуки и ги решаваме сите проблеми и предизвици со кои постојано се соочуваме со оглед на тоа што нашата работа е многу одговорна и тешка. Тоа што СОС ДЕТСКО СЕЛО е дел од Интернационална организација на СОС Детски Села навистина е предност за обезбедување на средства за континуирано функционирање меѓутоа локалното финансирање е исто така многу значајно.

Од сите нас се очекува во следните пет години СОС Детско село во Македонија да стане финансиски самоодржливо од локални извори на финансирање како што се државни субвенции, корпоративни донации и индивидуални донации.

Ова е голем предизвик за нас во нашата мала и сиромашна држава, но силно веруваме во солидарноста на нашата заедница и дека голем број на наши граѓани ќе ги препознаат вредностите и мисијата на СОС Детско село како и тоа дека секое дете е наша грижа.

Што претставува настанот ЕДНО СЕМЕЈСТВО кој го организирате традиционално последните 5 години?

Настанот претставува годишна церемонија за благодарност на солидарноста и поддршката на корпоративните и индивидуалните донатори на СОС Детско село во 2022 година. На овој церемонијален настан доделуваме признанија на најголемите корпоративни и индивидуални донатори на СОС Детско село.

На овој настан се присутни најголемите филантропи во Македонија и лица со големо срце, солидарност и визија за општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса за среќен и достоинствен живот. Ова е многу силна и благородна заедница која е во се поголем број имаме секоја наредна година.

Од исклучителна важност е целата заедницата на корпоративни и индивидуални донатори за да успее секојдневната борба за децата, згрижувачите и родителите кои имаат потреба од поддршка.

Имавме повеќе категории на добитници на признанија и во оваа прилика ќе ги издвојам следните: Алкалоид АД Скопје, Нептун Македонија, Флекс Кредит, Осигурување Македонија, Пивара Скопје кои добија статуетка за Најголем корпоративен донатор во 2022 година. Статуетка за најголеми партнери за поттикнување на донаторство во 2022 година добија Веро Маркети, ЈП Водовод и канализација-Скопје и Ракометна Федерација на Македонија и Плакета за иновативен проект IT4Charity 2022 Статуетка за најголеми донатори за донации во добра 2022 добија Microsoft Македонија, Гранит АД Скопје и Окта АД Скопје.

Покрај овие признанија уште голем број на компании и индивидуалци добија плакети и благодарници за поддршката и кампањите со помагаат да се одржува и зајакнува мисијата на СОС Детско село, ТОПОЛ ДОМ И ЉУБОВ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ

Сподели!
- Advertisement -